nagraduva

Винер Лајф ги наградува своите соработници

Сатисфакцијата од добро завршената работа е само еден мал дел од придобивките кои доаѓаат како резултат на вложената трудољубивост, време и напор. Покажаните добри резултати дополнително мотивираат, наметнуваат себе надградување и предизвикуваат препознавање на квалитетот од страна на работодавецот што носи дополнителни бенефиции.

Токму трудот и напорната работа се едни од вредностите кои особено се ценат во Винер Лајф, како и во целата Виена осигурителна групација. Компанијата постојано ја наградува продуктивноста и добрите работни перформанси преку стимулирање на доедукација, усовршување и професионално надградување. Со тоа семинарите, работилниците и секоја можност каде продажните техники, знаењето и вештините на вработените во Винер Лајф можат да бидат подобрени и продлабочени, се честа практика

Дополнителен стимул, во препознавањето и признавањето на остварениот успех, што Винер Лајф го имплементира, е доделување на одредена награда или признание за постигнатите резултати и остварувања. Овој пат, Иван Србиновски од Тренд МР беше прогласен за соработник со најдобро остварување. Затоа што Винер Лајф ги цени и ги вреднува успесите и посветеноста кон работата како на своите вработени, така и на надворешните соработници, најдобриот соработник овој пат беше награден со викенд во Виена на трошок на осигурителната компанија.