razdvizhi_go_srceto_logo

Со добротворната трка „Раздвижи го срцето“, Осигурување Македонија и Винер Лајф ја покажаа својата хуманост и општествена одговорност

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во Скопје, 18.10.2017 година

Добротворна трка „Раздвижи го срцето“ на 11 Октомври

На 11ти Октомври ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА-Виена Иншуренс Груп Скопје и ВИНЕР ЛАЈФ”-Виена Иншуренс Груп Скопје одржаа Хуманитарен настан ( Добротворна трка) под мотот раздвижи го срцето, каде што целта е да им се помогне на институциите кои што ќе ги добијат средствата од Фондот за поддршка на “ВИНЕР ЛАЈФ” и  “ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА”.

На  Хуманитарен настан ( Добротворна трка) Фондот за подршка беше наменет за следниве Институции:

  1. ЦЕДУЗ– Центар за едукација на деца со посебни потреби- Скопје
  2. ПОРАКА-Центар за лица со попречености, Скопје
  3. СОС- Детско село– Скопје
  4. ИДНИНА – Училиште за лица со попречености- Скопје
  5. Маца Овчарова– Училиште за лица со попречености -Велес
  6. Организација жени- Тафталиџе
  7. ОУ.Климент Охридски посебни паралелки– Прилеп
  8. Дом за доенчиња и мали деца– Битола
  9. Проект Јавни тоалети за инвалидизирани лица
  10. Дог Хелп Интернационал– Скопје

Во иднина срцата на нашите вработени ќе останат раздвижени за да помогнеме онаму каде што помоште е секогаш потребна. “ВИНЕР ЛАЈФ” и “ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА” ќе останат верни подржувачи на Хуманитарните настани (Social Active Day).

За “Винер Лајф”- Македонија:

Продолжувајќи го успешното работење на македонскиот пазар под брендот Winner, групацијата Vienna Insurance Group во 2010 година ја основа осигурителната компанија за животно осигурување Winner Life. Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.
Winner Life во Македонија нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби. Компанијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти. Со квалитетните и конкурентни производи Winner Life на своите клиенти им нуди финансиска сигурност, а конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.

Vienna Insurance Group (VIG), осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европa со околу 25 илјади вработени и со полисирана премија во висина од повеќе од 9 милијарди евра за 2014 година. Групацијата е присутна во 25 земји со 50-ина осигурителни компании, а традицијата од 190  години успешно работење, како и значителната финансиска моќ што ја поседува, се гаранција за довербата на повеќе од 20 милиони осигуреници.

razdvizhi_go_srceto_grupna_fotka
razdvizhi_go_srceto_dobitnici