ЗА WINNER LIFE

Продолжувајќи го успешното работење на македонскиот пазар под брендот Winner, групацијата Vienna Insurance Group во 2010 година ја
основа осигурителната компанија за животно осигурување Winner Life. Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се
придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број
на клиенти да ја подарат својата доверба.

Winner Life во Македонија нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување
што најмногу одговара на неговите потреби. Компанијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на
принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено
гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.

Со квалитетните и конкурентни производи Winner Life на своите клиенти им нуди финансиска сигурност, а конзервативното управување
во согласност со законските одредби гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.

 

ВИЗИЈА

Нашата визија е да креираме конкурентска предност на осигурителниот пазарот на животно осигурување,
обезбедувајќи им на нашите соработници, партнери и осигуреници, квалитетни и  безбедни услуги и продукти.

Со максимизирање на нашите основни стратешки определби нашата визија
е
да бидеме една од најуспешните финансиски институции на домашниот пазар.

МИСИЈА

Нашата задача е да го претвориме секојдневниот ризик во трајна вредност и сигурност.

Нашата мисија е низ континуиран процес на унапредување и усовршување да обезбедиме финансиска сигурност и сигурна иднина
на нашите осигуреници.
Насочени сме постојано на нашите осигуреници да им нудиме иновативни понуди, квалитетни услуги
и продукти, како и да ги следиме нивните барања и задоволиме нивните потреби.