КАРИЕРА

career_last

ВИНЕР ЛАЈФ Осигурување е осигурителна компанија која е дел од групацијата VIG, една
од најголемитеосигурителни групации во Централна и Источна Европа, составена од над
50 компании во 25 земји, со 25 илјади вработени, повеќе од 20 милиони задоволни
клиенти и традиција преку 190 годиниво осигурителниот бизнис.
Групацијата е рангирана со „А+“ според Standard & Poor’s,што е показател за
безбедноста и сигурноста што ја имаат нејзините осигуреници.

Се стремиме да ги привлечеме, мотивираме и задржиме кај себе исклучителните луѓе,
покажувајќи почит кон нивната работа и резултати. Веруваме во личната иницијатива,
одговорност и тимска работа. Континуирано бараме чесни и вредни луѓе кои се посветени
на работата. За тоа овозможуваме најконкурентен систем на наградување и обезбедуваме
постојана надградба, едукација и кариера во ВИНЕР ЛАЈФ, а во рамките на
интернационалниот развој и во VIENNA INSURANCE GROUP.

FB event-01

Винер Лајф ве повикува на БЕСПЛАТЕН едукативен семинар на 30.11.2019 (сабота). Семинарот ќе биде одржан од Марко Дамевски, менаџер за продажба во Винер Лајф кој ќе ви ги пренесе најважните продажни вештини и истовремено ќе ви ги презентира можностите за одлична заработка во областа на животното осигурување. На крајот на семинарот, на учесниците ќе им биде доделен сертификат.

Пријава со ваша кратка биографија и наслов “Пријава за бесплатен семинар” на kariera@winnerlife.mk најдоцна до 25.11.2019 година.

Сите пријавени учесници ќе бидат дополнително известени за времето и местото на одржување на семинарот.

ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ