ДЕТСКО - ВИНКО

Вашиот најповолен детски пакет за осигурување!
Дали моите деца ќе добијат добро образование? Дали ќе пораснат здрави и среќни?
За нашите деца го сакаме најдоброто, но не секогаш со сигурност можеме да им ја обезбедиме иднината што им ја посакуваме.

Со инвестирање во животното осигурување Детско – Винко обезбедете им на вашите најмили поддршка за полесно зачекорување во самостоен живот.

Со производот Детско – Винко, освен договор за животно осигурување во случај на смрт на родителот, задолжително склучувате и еден од дополнителните договори за осигурување што се однесува на детето, и тоа:
– дополнително осигурување во случај на настанување на тешка болест на детето
– дополнително осигурување во случај на траен инвалидитет на детето.
Заштитете ја иднината на вашите најмили и дајте им сигурност на вашите деца за успешен почеток во животот!

Што добивате со ДЕТСКО-ВИНКО?

  • Штедна функција за Вас и Вашето дете
  • Минимална уплата од 15 евра месечно
  • Можност за дополнително осигурување од повреда кај детето
  • Можност за дополнително осигурување од тешки болести кај детето
  • Подарок за завршено основно образование
  • Полисата може да се винкулира во корист на банката
  • Вредноста на вашата инвестиција е заштитена со валутна клаузула
  • Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот

УСЛОВИ:

  • Минималната годишна уплата изнесува 180 евра
  • Овој продукт е наменет за секое лице на возраст од 3 месеци-14 години
  • Максималната возраст при истек на ова осигурување е од 17 до 19 години
  • Начин на плаќање: повеќекратно (месечно, квартално, полугодишно и годишно)

По истекот на првата година:

  • Промена на висината на годишната уплата
  • Промена на начинот на плаќање

По истекот на третата година:

  • Капитализација (замрзнување на полисата)
  • Почек од една година
  • Откуп на полисата (повлекување на средствата)

Во случај на смрт на родителот, 50% од осигурената сума му се исплаќа на старателот на детето во рок од 14 дена по доставена посмртница, а остатокот му се исплаќа на детето на договорениот датум на истекување на осигурувањето.

КАЛКУЛАТОР

 * одберете производ *

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life