ЗА VIENNA INSURANCE GROUP

Vienna Insurance Group (VIG), осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европа,
со околу 25 илјади вработени и со полисирана премија во висина од повеќе од 9 милијарди евра за 2014 година.

Групацијата е присутна во 25 земји со 50-ина осигурителни компании, а традицијата од 186 години успешно работење, како и значителната финансиска моќ
што ја поседува, се гаранција за довербата на повеќе од 20 милиони осигуреници.

 

 

Континуиран раст

Приказната за VIG почнува во Австрија со Wiener Städtische уште во далечната 1824 година.

Оттогаш па наваму компанијата постојано се шири, станувајќи една од водечките меѓународни осигурителни групации. Vienna Insurance Group
е една од првите осигурителни компании од  Западна Европа што го препозна потенцијалот за раст во земјите од Централна и Источна Европа,
влегувајќи за прв пат на чехословачкиот пазар во 1990 година. Во наредните 25 години компанијата постојано се ширеше, освојувајќи нови пазари
на просторот на Централна и Источна Европа. Со последното влегување на молдавскиот пазар во 2014 година, Vienna Insurance Group преку своите
компании е присутна во вкупно 25 земји.

Централна и Источна Европа – клучни пазари

Земјите од Централна и Источна Европа се клучни пазари за Vienna Insurance Group. Половина од 9-те милијарди евра во полисирани премии во 2014
година доаѓаат токму од овие пазари, што е јасен показател за успехот
на стратегијата за проширување на овие простори. VIG цврсто верува дека економскиот раст на регионот, како и побарувачката за осигурување, ќе растат. 

Во 2008 година Vienna Insurance Group формираше своја компанија за реосигурување со седиште во Чешка, со што ја потврди важноста што
овој регион ја има како пазар со висок потенцијал за раст.

Близината до клиентите, двигател на успешноста на 25 пазари

Бидејќи  секој клиент е единствен и секој клиент има различни потреби
и различни животни околности, Vienna Insurance Group се потпира на
силата на поединечните регионални брендови, на нивното познавање
на пазарот и на стручноста, а сето тоа заедно го сочинува успехот
на Vienna Insurance Group како групација.

Постои едно нешто што е заедничко за сите компании
во  Vienna Insurance Group –
обезбедување сигурност за своите клиенти.

Vienna Insurance Group и Erste Group

Успешно партнерство
На обострана корист, Vienna Insurance Group и Erste Group склучија договор за стратешко партнерство во 2008 година, што овозможи во филијалите
на групацијата Erste да се дистрибуираат производите за осигурување на Vienna Insurance Group, додека компаниите на Vienna Insurance Group нудат банкарски производи од Erste Group.

Фокус на суштинскиот бизнис

Активностите на Vienna Insurance Group се, пред сè, насочени кон суштинскиот бизнис на компанијата, а тоа е осигурувањето. Како перспективен, совесен осигурител VIG e свесен за ризикот и тоа е една од клучните причини за конзервативната инвестициска политика. Стабилноста, довербата и солидарноста се квалитети што не само што придонесуваат за подобар однос со клиентите, туку придонесуваат и за подобар однос со бизнис партнерите, со вработените и со акционерите. Сите деловни одлуки на компанијата се засноваат на вредности како што се искреноста, интегритетот, разнообразноста, еднаквите можности и ориентацијата кон клиентот.

Резултатите од ваквиот пристап на работа се покажуваат преку политиката за континуиран одржлив раст и преку одличниот кредитен рејтинг. Во јули 2014 година меѓународно признатата рејтинг агенција Standard & Poor’s ја оцени групацијата со рејтинг A+, со стабилен изглед во годините што доаѓаат.
Како резултат на тоа, групацијата го има најдобриот рејтинг од сите компании на ATX, водечкиот индекс на Виенската берза.

Силно присуство на берзата, главен акционер со долгорочна ориентација!

Акциите на Vienna Insurance Group...

…котираат на Виенската берза уште од октомври 1994 година. На крајот на 2014 година, речиси 20 години по иницијалната понуда на акции, Vienna Insurance Group е една од водечките компании на примарниот пазар на Виенската берза, со пазарна капитализација од околу 4,7 милијарди евра.

Котирањето на Vienna Insurance Group...

 …Прашката берза во февруари 2008 година ја нагласува важноста што ја имаат за групацијата централноевропскиот и источноевропскиот регион .

Околу 70% од акциите на Vienna Insurance Group...

…се сопственост на главниот акционер Wiener Städtische Versicherungsverein, стабилен главен акционер со долгорочна ориентација. Останатите акции се расположливи за слободно тргување.

Прв избор за вработување

Освен како прв избор, кога се работи за производи за осигурување, Vienna Insurance Group сака да биде, исто така, и прв избор за вработување и да ги привлече најталентираните  вработени. На различностите се гледа како на можност и токму различноста е дел од секојдневниот живот во Vienna Insurance Group.
Голема важност се придава на создавањето услови што ќе им овозможат на вработените целосно да го развијат својот потенцијал.
Тоа е така затоа што групацијата е свесна дека својот огромен успех го должи токму на своите вработени, кои со својата посветеност кон работата, со креативноста и со иновативноста развиваат висококвалитетни продукти и услуги, одржувајќи блиска соработка со клиентите и со деловните  партнери.

 

Повеќе информации за Vienna Insurance Group