г-дин. Бернд АхацЧлен на Управен одбор

Bernd
  • Alpen Adria Universitat Klagenfut
    Титула:
       Доктор на науки од областа на трговија
  • Дата и место на раѓање:
    1973 година во Австрија.
Своето образование го има стекнато на Универзитетот Alpen Adria Universitat Klagenfut во Австрија каде се стекнал со титулата
доктор на науки од областа на трговија . Својата професионална кариера ја започна во 2000 година во Австрија како финансиски аналитичар во компанијата Flextronics , од областа на EMS (electronic manufacturing services)  за Централна и Источна Европа (CEE).
Ја напушта компанијата  Flextronics како CFO (финансиски директор) на Корпоративниот Центар за управување со ликвидност во регионот на Централна и Источна Европа.

Во 2005 година г-дин Ахац беше еден од одговорните менаџери за стартување банкарски и лизинг бизнис во Црна Гора за Хипо-Алпе-Адриа Груп.

По некое време тој стапи на позицијата на Главен Извршен Директор на Хипо-Алпе-Адриа-Лизинг Доо
Подгорица и член на бордот на директори на Хипо-Алпе-Адриа Банка АД Подгорица.

На крајот на 2008 година, заедно со глобалната финансиска криза г-дин. Ахац е прераспределен на позицијата CEO, а подоцна и CFO
на Хипо-Алпе-Адриа-Лизинг ООД во Софија, Бугарија.  Во мај 2010 година Achatz е дел од управниот одбор на  Хипо-Алпе-Адриа-Лизинг Тов (ДОО)  во Киев, а подоцна во 2011 како CFO e член на Хипо-Алпе-Адриа-Лизинг ДООЕЛ. Во 2012 година на трите земји беа ставени под капата на  регионален менаџмент  или кластер менаџмент HETA каде г-дин Ахац ја извршува функцијата COO,
заедно со претходно наведенитеработни позиции во соодветните локални компании.

Во последниот квартал од 2013 година, г-дин Ахац својот потенцијал го посветува на ВИНЕР ЛАЈФ VIG во Македонија и стапи на функцијата, како член на управниот одбор, на која позиција се наоѓа и денес.

Потребна ви е помош?

Доколку ви е потребна било каква информација, посетете го делот со контакт информациите.