г-дин Дарко ДедиќПретседател на Управен одбор

Darko
  • Универзитет Св. Кирил и Методиј
    Катедра за:
       Банкарство и Сметковотство
  • Дата и место на раѓање:
    17ти јуни, 1971 година во Скопје.
Своето високо образование го има стекнато на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на катедрата за
Банкарство и Сметководство.
Како амбициозна млада личност, за време на своите студии се има стекнато со Лиценца од Комисија за хартии од вредност за работа со хартии од вредност.

Првото работно искуство за време на своите студии го започнува во Невладината организација
Medecines Sans Frontieres, во период кога организацијата ја доби Нобеливата награда за мир.

Потоа искуствата се нижат едно по друго и продолжуваат во Ревизорска куќа Б и Љ, во Скопје како соработник во ревидирање на финансиски извештаи и спроведување на интерните политики и процедури. Следува работната позиција во Алфа Банка АД Скопје како стручен соработник во сектор за финансиско работење, а потоа раководител на служба за сметководство и контролирање, истата работна позиција ја има и во Еуростандард Банка АД Скопје. Од 2010 година својата кариера ја продолжува во Агенцијата за супервизија на осигурување како раководител на сектор за супервизија, од каде што настапува во Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп каде назначен за член на Управниот Одбор.

Во 2012 година е избран за член на Советот за унапредување и развој на ревизијата, но поради превземањето на позицијата член на Управниот Одбор во Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп ја напушта работата во Советот за унапредување и развој на ревизијата.

Во текот на 2015 година Дарко Дедиќ беше назначен за Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф-Виена Иншуренс Груп, на која позиција се наоѓа и денес.

Потребна ви е помош?

Доколку ви е потребна било каква информација, посетете го делот со контакт информациите.